Еве информација и од мене за денешниот лекарски преглед во Ремедика.
Закажани бевме во 12 часот,со сопругата,а завршивме се на се негде накај 14,00.
Најпрво ги оставивме пасошите (оригинали) на пунктот и веднаш отидовме да оставиме крв за проверка на СИДА И СИФИЛИС.
После тоа не повикаа на БРИС. Ми рекоа дека тоа е воведено од сеа, за проверка на некоја пренослива болест (гонореа мислам дека ми рекоа).
И тоа бргу го поминавме, со тоа што кај жена ми се погоди да има циклус, така што она во текот на наредната недела ќе мора одновно да отиде за да и се земе брис и да се додаде во контролниот лист.
Од таму следна дестинација е Ренгенот

Потоа следеше малку подолго чекање за кај општиот лекар, зошто во меѓувреме, покрај тие што се закажани за виза си има и обични пациенти. Најпрвин мерат тежина и висина, притисок, па следат прашања од типот, дали конзумираш цигари, дали си правел некој тешки операции, алергии и слично. Исто така е битно доколку носите наочари да имате извештај за вашата диоптрија.
Потоа се приложуваат сите документи што треба да се носат(копија од пасош, case number, слики, картонот со вакцини како и тоа дека треба да им се каже адресата на која ќе пристигнете во САД).
За вакцината за сезонски грип да појаснам. Они не праќаат во Пролече амбулантата без разлика дали вакцината ја има или нема. Издаваат упут за таму и во случај ако вакцината ја нема ( А ЈА НЕМА ) треба да се издаде потврда од амбулантата со потпис и печат и се носи пак во Ремедика. Иако во ремедика знаат дека вакцината ја нема, сепак таа потврда од Пролече амбулантата мора се достави.
Тоа е и последната ,,станица,, во врска со лекарскиот. Се врши плаќање по 4000 денари од особа и тоа е тоа

За подигнување на резултатите ни рекоа еден ден пред интервјуто, во нашиот случај, 26 Декември, или дента на интервјуто во 7часот заедно со фискалната сметка, затоа што без неа нема да можеме да си ги земеме резултатите.
*** Се закажува на телефонскиот број: 072443140 секој работен ден од 14,00 до 20,00 ***
*Од потребни документи треба да носите*
Оригинал пасош и копија од пасош
Здравствена книшка и картон за вакцини
Листот од амбасада за закажан термин
9 слики во формат 5x5
Адресата од DS-то за престој