View Single Post
  #507  
Staro 11.02.2017, 16:25
dimko dimko je offline
Član
 
Datum prijave: 01.12.2016
Poruke: 28
Nepromenjeno

Лекарски преглед во Ремедика

Закажан термин во 12:00 час.

- Оставање на пасош на пријавниот пункт.
- Чекање
- Оставање на утринска мокрача и давање на крв за проверка за Сида и Сифилис.
- Чекање
- Снимање на бели дробови
- Чекање
- Преглед кај општ доктор: мерење на притисок, висина тежина, прашња (дали сте пушач, дали имате некоја операција, дали носите очила, дали сте алергични)
- Предавање на документи: Копија од пасош (со податоци од лицето), адреса во Америка каде што ќе престојувате, листот за закажано интевју во Амбасада, 9 сликички 5x5, здраствена книшка, картон со вакцини.
- Се оставаат телефонски број и емаил адреса за секој случај да не им е потребна во Ремедика.
- Плаќање

Подигнувањето на резултатите пред еден ден од интервјуто од 15:00 до 19:00 часот, или на денот на интервјуто после 07:00 часот наутро.

Се плаќа 5500 денари, може со картичка или во готово.

Се издава потврда за лекарскиот преглед и фискална сметка, тие две се чуваат.

Подигнувањето на резултатите е лично и нема можност друг да ги подигне, а се подигнуваат само со потврдата и фискалната сметка.

Резултатите се во затворен плик и не смеат да се отвараат.

Се предаваат во Амбасада на денот на интервјуто.

Се закажуваат термини на 072 443 140 после 14 часот од понеделник до петок.
Reply With Quote